Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Тирана по повод големиот христијански празник Воскресението PDF Печати Е-пошта
Среда, 19 Јуни 2019 13:25

Претседателот на Македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска упати честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан и до православните верници. – Дозволете ми во мое лично име, во име на Македонското друштво „Илинден“ и на сите Македонци кои живеат во Република Албанија, на Вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитам големиот Христијански празник Воскресението Христово – Велигден. Радувајќи се на Воскреснието Христово – Велигден,да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година, – се вели во честитката од македонското друштво „Илинден” од Тирана. Чествувањето на Празникот над празниците, Христовото воскрсение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство,стои во честитката и се додава дека празнувањето на овој светол ден е темелот на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагаме еден со друг и да го почитуваме семејството и блиските.

 
Јавна Соба”- Скопје во соработка со Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана донира детски велосипеди PDF Печати Е-пошта
Четврток, 25 Април 2019 17:32

 

Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана и „Јавна Соба”- Скопје, Македонија организираa акција за донирање на користени детски велосипеди и тоа на 25-28 Март 2019 година во „Јавна Соба”-Скопје, при што беа донирани преку 20 детски велосипеди, тротинети, ролерки и слични реквизити. Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана и „Јавна Соба”- Скопје, ги донираa во Општина Пустец на 23 Април 2019 година. Општина Пустец ќе ги раздели во градинките на Општина Пустец, Мала Преспа. Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана на хуаманите Скопјани и останати чинители им благодари од срце за овој велигденски поклон за најмалите во Општина Пустец, Мала Преспа.

 
Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудува изјавата на поглаварот на ИВЗ PDF Печати Е-пошта
Сабота, 13 Април 2019 17:31

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудува изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, дадена на 14 март 2019 година на церемонија на поставување на камен-темелник на џамијата во скопското село Арнакија, а објавена на неговиот Фејсбук профил деновиве, во неговиот говор дава квалификации на „див“ и „непримерен народ без идентитет“. Македонците имат своја традиција и се на овје простори автоктони. Македонско друштво “Илинден”-Тирана смета дека изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница, е крајно недолична, недозволива и неодговорна, и претставува груба навреда на достоинството на македонците. Поради недоличната изјава на поглаварот, Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара Реисетот на Исламската верска заедница, безусловно да се извини до Македонци и до македонскиот народ во целина!

 
Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана имаше средба со ученици Македонци од Голо Брдо PDF Печати Е-пошта
Сабота, 13 Април 2019 17:25

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај имаше средба со ученици, етнички Македонци од Голо Брдо што учат во Охрид, со завршено основно образование, во Голо Брдо во се поголем број средното образованието го продолжуваат во Охрид. Некои тука продолжуваат и на факултет а други се запишуваат во Битола, Штип, Прилеп и Скопје. Учениците ги посети претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај кој разговараше за проблемите со кои се соочуват во текот на учењето, за тоа како ги совладуваат методолошките единици во училиштата, но и како се интегрираат меѓу врсниците во Охрид. Во ова пригода беше истакната заложбата што повеќе деца да бидат испраќани во татковината Македонија со цел да се образуваат во матичната држава за иден кадар на Македонците во Албанија.

 
Претседател на Македонско друштво „Илинден“-Tирана е избран г-дин Никола Ѓурѓај PDF Печати Е-пошта
Вторник, 09 Април 2019 10:03

Македонско друштво „Илинден“-Тирана за мандадниот период 2019 – 2023 година за Претседател на Македонско друштво „Илинден“-Tирана е избран г-дин Никола Ѓурѓај, за потпретседател г-дин Незир Меча, за секретар г-ѓа Естела Карамешиноска. Македонско друштво „Илинден“-Тирана осначи и ново раковоство во Македонско друштво „Илинден“-Огранок Голо Брдо е избран г-дин Или Халилај, за потпретседател г-дин Фатри Фетаху, во периодот од 2019 – 2023 година ќе работи на заштита на етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и во насока на целосна интеграцијата на Македонците во политичкиот систем и институциите на власта во Република Албанија.

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 2 од 82