Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

baner1

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Македонско друштво “Илинден“- Тирана воопшто не е задоволна од односот на Министртвото за култура PDF Печати Е-пошта
Вторник, 21 Февруари 2017 19:45

 

Македонско друштво “Илинден“- Тирана воопшто не е задоволна од односот на Министртвото за култура, како и изминатите години и ова година Министерството за клтура не прифатги ни еден проект на македонските друштва. Македонското друштво “Илинден“- Тирана кои аплицирал со години со прокет за одржување фолклорен фестивал на Македоцните во Албанија секогаш е одибиено. Таму не сакаат ниту да слушнат за нашите проекти. Со години наназад а и оваа година нема ниту пара за доставните проекти од друштвата на Македонците. Македонците имаат потреба од поддршка на проектите од Министерството за култура кои се однесуваат на негување на традициите на Македонците кои живеат во Албанија. Министерството за култура треба да има предвид дека и Македонците во Република Албанија, треба да добиат проекти, македонците се  лојални граѓани и ги плаѓат сите даноци но пари за културни активности нема. Инаку, повикот објавен од Миистертвото за култура на први декември лани траел до 13 јануари.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тиранa

Претседател г-дин Никола Ѓурѓај

 
Mеѓународен ден на мајчиниот јазик PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 20 Февруари 2017 15:16

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита 21 февруари меѓународен ден на мајчиниот јазик. На 21 фебруари е прогласен за Меѓународен ден на мајчиниот јазик од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) на 17 ноември 1999 година на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година.

 


www.ilinden-tirana.com

 
Никола Ѓурѓај претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана интервју за Прес24 PDF Печати Е-пошта
Недела, 19 Февруари 2017 20:35

 

 

Во Албанија нема Бугари, Европскиот Парламент врши груб фалсификат на историјата, Претседателот на Македонското друштво “Илинден“ од Тирана, едно од движењата за правата на Македонците во Албанија, Никола Ѓурѓај, во интервју за Прес24, најавува засилен ангажман на Македонците во одбрана на своето достоинство и основни човекови права. Уште еднаш сакам да го потврдам ставот дека во регионите што тие ги спомнуват Голо Брдo, Мала Преспа, Гора има не значени број на луѓе што земале бугарски пасоши. Тие се бројат на прсти. Ние сме категорични и ги отфрлуваме сите обиди на бугарските претставници во Европскиот Парламент дека во Албанија живат Бугари. Јас лично никогаш немам сретнато лица со бугарско потекло во Албанија. Цела ова хајка од бугарската држава по активно е почната кога Бугарија влезе во Европската Унија, пред тоа немаше такви активности. Поединци Македонци од Албанија за подобар живот побарале бугарски пасоши од економски причини, за да можат да одат во земјите членки на Европска Унија за работа. Еве еден факт ќе посочам. Дали имало, пред Бугарија да влезе Европската Унија какво било барање за бугарско државјанство? И колкава била бројката? Од тоа ќе процените дека Бугари во Албанија нема, вели Ѓурѓај за Прес24. Тој посочува дека Македонија како држава треба посериозно да се зафати со заштита на правата на Македонците во Албанија. Вели дека е апсурдно тоа што наместо заштита на Македонците, Македонија води политичка хајка против градоначалникот на Пустец, Еднонд Темелко. Апсурд е процесот што се води против преседателот на Македонската Алијанса за Европска Интеграција исто време и градонацланик на општина Пустец. Татковината Република Македонија треба да ги поддржуава активностите на Македонците во Албанија, а не да ги деградира преставниците што се борат за правата на Македонците во Албанија. Тој процес е политички процес и антимакедонски процес, вели Никола Ѓурѓај во интервјуто за Прес24.

ПРЕС24: Остри реакции предизвика резолуцијата на ЕП за малцинствата во Албанија. Како Македонците во Албанијанја оценуваат?

ЃУРЃАЈ: Македонците во Република Албанија се огорчени од ваквите ставови на ЕП. Безаргуенти гласат резолуција, без да видат состојбата на терен. Во Голо Брдо , Мала Преспа, Гора нема Бугари како и во цела територија на Република Албанија. Нормално е дека Македонците ќе регират остро и нивните преставници, бидејќи тоа е груб фалсификат на историјата и фактите. Македонско друштво ''Илинден''-Тирана од нејзиното формирање се бори за правата на Македонското национално малциство во Албанија и секој пат ќе рагира остро на таквите скандалозни одлуки и страмни за ЕП.

ПРЕС24: Планирате ли да реагирате и на кој начин?

ЃУРЃАЈ: Македонско друштво ''Илинден''-Тирана ќе рагира со сите демократски срества и со цел капацитет како што праело до сега за одбрана на Македонците во Република Албанија. Македонско друштво ''Илинден''-Тирана од 16. 05. 2015 година е член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), единство друштво на Македонците во сосетсвото и светот што е рамноправен член и ќе ги користи сите можности што ФУЕН ги дава за заштита на малциствата во Европа. Македонско друштво ''Илинден''-Тирана ќе ги зголеми активностите со ФУЕН како и со други меѓународни иституци и организаци како и со институците во Република Албанија.

ПРЕС24: Бугарските европеатеници како аргумент го користат бугарскиот пасош. Колку Македонци во овие места имаат бугарски пасоши?

ЃУРЃАЈ: Уште еднаш сакам да го потврдам ставот дека во регионите што тие ги спомнуват Голо Брдo, Мала Преспа, Гора има не значени број на луѓе што земале бугарски пасоши. Тие се бројат на прсти. Ние сме категорични и ги отфрлуваме сите обиди на бугарските претставници во Европскиот Парламент дека во Албанија живат Бугари. Јас лично никогаш немам сретнато лица со бугарско потекло во Албанија. Цела ова хајка од бугарската држава по активно е почната кога Бугарија влезе во Европската Унија, пред тоа немаше такви активности. Поединци Македонци од Албанија за подобар живот побарале бугарски пасоши од економски причини, за да можат да одат во земјите членки на Европска Унија за работа. Еве еден факт ќе посочам. Дали имало, пред Бугарија да влезе Европската Унија какво било барање за бугарско државјанство? И колкава била бројката? Од тоа ќе процените дека Бугари во Албанија нема.

ПРЕС24: Статистички колкав е бројот на Македонци во Албанија?

ЃУРЃАЈ: Македонското национално малциство во Република Албанија број 120.000 илјади. Тоа бројка е проценка на Македонските организаци. Тоа бројака може да е и поголема и затоа македонскте организаци барат попис, за да се направи и да се утврди точниот број за да нема шпекулаци. Последниот попис спроведен во Албанија малцистваата го бојкотира. Со спроведен попис со сите стандарти ќе се утврди точната бројка колку се припадници на малциските заедници во Република Албанија.

ПРЕС24: Изминативе години баравте од албанската влада поголеми права. Дали денеска Македонците во Албанија се задоволни од правата што ги имаат како малцинство?

ЃУРЃАЈ: Од 1990 години Македонците во Албанија и нивните организаци во контунитет бараат од албанските институции да се потобрат правата на Македонците. Од 1990 година има подобрување на правата на Македонците, ама се уште не се постигнати тие права што се гарантирани од меѓународните конвенци и меѓународни обрзнички закони што Албанија треба да ги спроведе за малциствата.

ПРЕС24: Очекивате ли помош од Македонија од државата или од партиите за остварување на вашите барања?

ЃУРЃАЈ: Секоја помош е добродојдена од татковината Република Македонија како матична земја и ние очекуваме помош. Македонија како матична земја  треба да води сметка за Македонците во Република Албанија, како што  Албанија води сметка за Албанците во Република Македонија

ПРЕС24: Со кои какви проблеми најчесто се соочуваат Македонците во Албанија?

ЃУРЃАЈ: Најголем проблем на Македонците во Албанија е дека тие не се признати на цела територија. Учењето на Македонскиот јазик како и други проблеми што ги има едно малциство да се вложат напори тоа да се подобри.

ПРЕС24: Не е ли малку парадоксално тоа што македонската држава покрена процес за одговорност за оние кои имаат македонски државјанства и гласаа на изборите во Македонија, а Бугарија со државјанства сака да ги претстави Маледонците како Бугари?

ЃУРЃАЈ: Апсурд е процесот што се води против преседателот на Македонската Алијанса за Европска Интеграција исто време и градонацланик на општина Пустец. Татковината Република Македонија треба да ги поддржуава активностите на Македонците во Албанија, а не да ги деградира преставниците што се борат за правата на Македонците во Албанија.

ПРЕС24: Како кај Македонците во Албанија беше прифатена одлуката за кривично гонење на градоначалникот Темелко?

ЃУРЃАЈ: Македонците во Албанија го осудеја процесот што се води против преседателот на Македонската Алијанса за Европска Интеграција исто време и градонацланик на општина Пустец. Тој процес е политички процес и антимакедонски процес.

ПРЕС24: Кој став го имаат Македонците во Албанија за политичката состојба во Македонија и за платформата на албанските партии?

ЃУРЃАЈ: Македонците во Република Албанија поддржуваат стабилна влада и просперитетна татковина Република Македонија. Во исто време и почитување на законите и владењето на правото. Секоја инициатива треба да биде во склоп на законите на  државата. Албанските партии во Македонија треба да баарат во склоп на законите како и ние како Македонци што тоа го бараме во рамки на законите.


www.press24.mk

 
Македонското меѓународно движење за човекови права од Канда ја осудува Резолуцијата на Европскиот PDF Печати Е-пошта
Сабота, 18 Февруари 2017 10:15

Дали Европскиот парламент е неинформиран или е анти-македонски? Ова се двете единствени можни опции. При бесрамно прикажување на чиста лудост, Европскиот парламент усвои резолуција со која што од Албанија бараат да ги заштити правата на своето "бугарско“ малцинство и тоа во региони во кои што живее македонско население. Па уште и "препорачува" правата на лицата со бугарска националност во областите Преспа, Голо Брдо и Гора законски да се регулираат и спроведат во пракса.“ Чувствата би биле прекрасни, но само ако ја идентификувале вистинската етничка припадност на тоа население. Европскиот парламент, со оваа ‘бескрајна мудрост’, само и помагаат на Бугарија во нејзината мисија да го искоренат постоењето на македонското малцинство и на се' што е македонско. Истовремено, Европската Унија продолжува со својата политика да и помага на Грција, играјќи заедно со неа во вештачки-создадениот спор за името и обраќајќи и се на Македонија (по налог на Грција) со „Поранешна Југословенска Република Македонија“. Дури и ако треба да се одговори на таков арогантен и расистички извештај со кој што се тврди дека една етничка група, во име на држава која што се обидува да ја уништи само ја докажува ирелевантноста на таквите европски институции. Да нема дилеми, населението во овие области е македонско и тоа е факт прифатен од сите, вклучувајќи ги и бројните извештаи за човекови права од страна на истите тие европски институции Европскиот суд за човекови права, Европската комисија против расизам и нетолеранција, Обединетите нации, американскиот Стејт Департмент, како и меѓународните организации за човекови права. А уште подобро би било доколку европратениците кои што гласаа за оваа апсурдна резолуција, нека одат и нека ги посетат Голо Брдо, Мала Преспа и Гора, нека ги видат таму македонските развиорени знамиња и нека поразговараат со локалното население кое што веќе ја осуди оваа резолуција. Европската Унија и Евро-парламентот продолжуват да им помагаат на своите држави-членки, Грција и Бугарија, во нивната бесрамна анти-македонска надворешна политика. И сега што имаме неинформираност или анти-македонска политика? Се чини дека е сепак тоа второто. А ние чекаме за одговор во прилог на итно повлекување на оваа бизарна резолуција.

 

www.ilinden-tirana.com

 
Декларација на Македонска Алијанса за Европска Интеграција PDF Печати Е-пошта
Четврток, 16 Февруари 2017 20:28

 

 

Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција истакнува дека малцинството што живее во овие простори е македонско малцинство официално признаено во Преспа али не и во регионот на Голо Брдо и Гора. Македонците во Албанија не се "Булгари". Во Албанија живее македонско, грчко, српско-црногорско, влашко, ромско, босанско и египетско малцинство и напорите за признавање на непостоечко булгарско малцинство во Албанија го сметаме како фалсификат на Историјата и на вистината. Во Албанија нема булгарско малцинство. Tакво малцинство има во главите на булгарските официалните лица во Софија кои продолжуваат со антимакедонизмот како официјална политика за негирање на македонскиот народ. Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција Прогрес-Извештајот на Албанија за интеграција на Република Албанија во Европска Унија одобрен од Европскиот Парламент во делот каде се бара признавање на булгарското малцинство во Преспа, Голо Брдо и Гора го смета како сериозно кршење на меѓународниот закон, Универсалната Декларацијата на Човековите Права и Слободи, геноцид над македонскиот народ и злосторство над човештвото.Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција бара од Булгарија да не измислува булгари тамо каде што не постојат туку да го признае македонското малцинство во Булгарија. Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција бара од Брисел да не ги злоупотребува македонците од Албанија како препрека на патот на Албанија во процесот за Интеграција во европската Унија. Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција истакнува дека малцинството што живее во овие простори е македонско малцинство официално признаено во Преспа али не и во регионот на Голо Брдо и Гора.Македонците во Албанија не се "Булгари". Во Албанија живее македонско, грчко, српско-црногорско, влашко, ромско, босанско и египетско малцинство и напорите за признавање на непостоечко булгарско малцинство во Албанија го сметаме како фалсификат на Историјата и на вистината. Во Албанија нема булгарско малцинство. Tакво малцинство има во главите на булгарските официалните лица во Софија кои продолжуваат со антимакедонизмот како официјална политика за негирање на македонскиот народ. Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција Прогрес-Извештајот на Албанија за интеграција на Република Албанија во Европска Унија одобрен од Европскиот Парламент во делот каде се бара признавање на булгарското малцинство во Преспа, Голо Брдо и Гора го смета како сериозно кршење на меѓународниот закон, Универсалната Декларацијата на Човековите Права и Слободи, геноцид над македонскиот народ и злосторство над човештвото. Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција бара од Булгарија да не измислува булгари тамо каде што не постојат туку да го признае македонското малцинство во Булгарија. Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција бара од Брисел да не ги злоупотребува македонците од Албанија како препрека на патот на Албанија во процесот за Интеграција во европската Унија.

 

www.ilinden-tirana.com

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 10 од 68