Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Трет роденден на Mакедонскиот весник "Илинден" PDF Печати Е-пошта
Недела, 16 Март 2014 21:27

 

Пред три години, како двоброј за март и април, беше испечатено првото издание од весникот на Македонското друштво "Илинден" -Тирана. Имајќи го предвид фактот што во изминативе три години, весникот предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија и сред Mакедонската дијаспора ширум светот. Според бројната дописка, која пристигнува на електронската пошта на Редакцијата на Македонски весник ”Илинден”, како и од другите преписки со читателите, забележително е дека во тригодишниот период весникот прерасна во медиум кој со сериозноста и пристапот во објавувањето на темите, е интересен и корисен за Mакедонското национално малцинство во Република Албанија. Во дел од дописите се истакнува и тоа дека читателите искажуваат особена почит кон Редакцијата, која на најдобар можен начин одбра да ја промовира македонштината во овие бурни времиња, преку пишаниот збор. Нивната мисија да го одржуваат и поттикнуваат македонскиот идентитет во Република Албанија, преку културен израз целосно ја остваруваат. Сакаме да веруваме дека ваквата активност ќе биде соодветно поддржана од државните институции  во Република Албанија така и во Република Македонија, но и од Македонците ширум светот. По повод тригодишниот јубилеј на Македонски весник “Илинден”-Тирана, Редакцијата има чест да ги поздрави и да им се заблагодари на сите свои соработници, кои несебично помогнаа во конципирање на тематската и визуелната содржина на весникот. Воедно, Редакцијата се заблагодарува и на читателската публика, која со покажаниот интерес кон содржините што ги понуди весникот, покажа дека тој навистина ја допре сржта на Македонските  проблем во Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Преседател Никола Ѓурѓај


www.ilinden-tirana.com

 
Македонско друштво “Илинден”-Тирана го поздравува Резолуцијата за заштита на малцинствата PDF Печати Е-пошта
Сабота, 08 Март 2014 09:35

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го поздравува усвојувањето на Резолуцијата од страна на Комитет на министри при Советот на Европа за спроведувањето на Рамковната конвенција за заштитата на националните малциства, во која Република Албанија прифаќа да овозможи школување на припадниците на македонско национално малциство на свој мајчин јазик во цела територија на Република Албанија. За Македонското национално малциство во Албанија, како што наведуваат во соопштеноето, ова е голем чекор и дава надеж дека Владата на Република Албанија и премиерот Еди Рама, ќе дозволи да се учи македонскиот јазик на цела територија на Република Албанија.

 

www.ilinden-tirana.com

 
Среќен 8 ми Март PDF Печати Е-пошта
Петок, 07 Март 2014 20:47

Македонско друштво "Илинден" - Тирана ви посакуваме среќен 8 ми Март со желба за многу лични успеси!

Shoqata Maqedonase "Ilinden" - Tiranë ju uron gëzuar 8 Marsin me dëshirën e shumë sukseseve personale!

Macedonian Association "Ilinden" - Tirana wish you a happy 8 March with the desire of many personal successes!


www.ilinden-tirana.com

 
Македонскиот јазик ќе се изучува низ цела Албанија PDF Печати Е-пошта
Петок, 07 Март 2014 11:32

Kомитетот на министрите на Советот на Европа усвои резолуција за спроведување на Рамковната конвенција за заштитата на националните малцинства од страна на Албанија, во која Албанија прифаќа да овозможи школување на припадниците на македонското национално малцинство на свој мајчин јазик, на целата територија на Албанија. Во резолуцијата се вели дека општо земено во Албанија преовладува клима на почитување и толеранција меѓу националните малцинства и мнозинството. Делот што се однесува на изучувањето на мајчиниот јазик на малцинствата е донесен по едногодишна дипломатска активност, контакти, состаноци, разговори и преговори меѓу постојаната мисија на Република Македонија при Советот на Европа во Стразбур, Секретаријатот на Советот на Европа и заинтересираните земји-членки. Оваа одредба на која се обврзува Албанија значи дека припадниците на македонското национално малцинство ќе можат да побараат настава на македонски јазик не само во зоните на Албанија каде што живее мнозинството од нив, туку и во другите делови на земјата. Ова е сериозно постигнување за Република Македонија и македонското национално малцинство, туку и за Република Албанија, која со прифаќањето и претстојната имплементација на оваа одлука, ќе се стави во редот на европските земји што прифатиле повисоки стандарди - потврди амбасадорот на Република Македонија во Стразбур, Петар Поп-Арсов.

 

www.ilinden-tirana.com

 
Соопштение: Македонско друштво "Илинден"-Тирана PDF Печати Е-пошта
Среда, 26 Февруари 2014 19:43

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ја подржува иницијативата за продолжување на мандатот на Претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов. Со голема почит и благодарност на досегашна работа и неговите заложби со преставниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Претседателот Иванов во неговиот мандат не посети и ни посвети доволно внимание и време за заложба за зачувување на македонскиот идентитет, јазик и култура. Претседателот Иванов никогаш не се колебал да ги брани нашите интереси, интересите на нашинците каде и да се и секогаш повикувал на единство за поуспешно делување и зачување на индетитето. Претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов со голема подршка која ни ја даде, ни дава право, но и обврска, ние Македонците православни и Македонците муслимани во Република Албанија да ја подржиме  иницијатива за втор мандат за преседател на Република Македонија.

 


www.ilinden-tirana.com


 
<< Почеток < Пред 71 72 73 74 75 76 Следно > Крај >>

Страница 73 од 76