Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Поетесата Елена Пренџова ги посети Македонците во Тирана PDF Печати Е-пошта
Сабота, 09 Мај 2015 09:45

 

Претседателот на Македонско друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, и потпретседателот Незир Меча осварија средба со Елена Пренџова. Цел на средбата со Македонците во Тирана беше да се запознае со македонското национално малциство кое живее во Тирана. И на крајот од двостраното задоволство Македонците во Тирана добија ветување дека нема да бидат заборавени и дека ќе бидат повторно посетени во најскоро време. Инаку, Пренџова е родена 1985 година во Скопје, Македонија. Авторка е на шест збирки поезија: „Јас“ (2006), „Таа“ (2009), „Пораки од морето“ (2011) за која ја доби наградата „Бели мугри“, „Живот под ѕвездите“ (2013) - награда „Македонска книжевна авангарда“, „Политички коректна поезија“ (2014) и „Љубољубна“ (2014) - награда „Караманов 2014“. Приредувачка е на „Антологијата на младата македонска авангардна поезија“ (2012) и членка на консултантскиот тим за превод на првиот англиско-македонски „Хип-хоп речник“ (2008) на авторите Славчо, Александар и Емилија Ковилоски. Уредничка е на книжевното списание „Современост“ и театарското списание „Сум“. Членка е на Друштвото на писателите на Македонија. Поетесата Елена Пренџова е добитничка на степендија од TRADUKI, Tirana-in-between, партнер на Министерството за Култура на Албанија и Poeteka од Тирана.


www.ilinden-tirana.com

 
Македонско друштво “Илинден”-Тирана учестува на Националниот младински конгрес PDF Печати Е-пошта
Сабота, 09 Мај 2015 09:37

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана учестува на Националниот младински конгрес што се одржа денеска во Младински центар во Тирана. За прв пат на Националниот младински конгрес присутни беа и преставници на Македонско малциство во Република Албанија.Во конгресот учество има 50 младински организации од целата територија на земјата, ангажирани во различни полиња. Македонско малциство се престави со претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај. Конгрес е можност да се запознаат подобро младинските организации кои работат во Албанија и да се зајакне нивната соработка. Конгресот се реализира со поддршка на Фондацијата Фридрих Еберт. Сите организации кои беа презентирани преку постер во текот на целиот конгресот. На семинарот се обрати и заменик министерот за образование и спорт на Република Албанија, Арбјан Мазнику.


www.ilinden-tirana.com

 
Бирн - Албанија на 29.05.2015 година во Хотел Туризам во Бурел организира тркалезна маса за територи PDF Печати Е-пошта
Сабота, 09 Мај 2015 09:29

 

Бирн-Албанија на 29.05.2015 година во Хотел Туризам во Бурел организира тркалезна маса за териториалната поделба, присутни беа и преставници на Македонско малциство. Преставникот на Македонско малциство покрена проблемите што ги има македонското население во Голо Брдо со новата териториална поделба, се истакна потреба да има една општина во областа Голо Брдо. Македонско малциство се престави со претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај. Тркалезната маса се реализира со поддршка од Комисијата за демократија на амбасадата на САД во Тирана.


www.ilinden-tirana.com

 
Среќен Летник PDF Печати Е-пошта
Петок, 13 Март 2015 21:16

Летник е македонски народен празник, којшто се празнува секоја година на 14 март (1 март по стар календар) и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија. Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во смисол на активниот работен период од годината. Празникот најчесто се празнува во Западна Македонија, односно во Галичник и Мијачијата, Голо Брдо, Дебарско, Охридско и Струшко. Празникот има повеќе народен отколку верски карактер па така во оние области каде живеело верски мешано население Македонци-православни и Македонци-муслимани како во Голо Брдо и Реканската област празникот го прославувале сите, и православните и муслиманите. Поради тоа што е прославуван и од христијаните и од муслиманите, за празникот се смета дека е од паганско потекло. Со процесот на миграција од село во град овој празник е главно запоставен, но тој сѐ уште се празнува во руралните региони на Голо Брдо како и во Струшки Дримкол. Поради тоа што овој празник е празнуван само од етничките Македонци (и христијани и муслимани) и неговото славење е најпознато во просторите етничка Македонија, овој празник се смета како етнички македонски народен празник. На истиот датум на 14 март (1 март по стар календар) Античките Македонци го празнувале својот празник на светлината наречен Ксантика. Древното верување за овој празник било поврзано исто како и со современиот македонски народен празник Летник. Празникот Ксантика истотака бил поврзан со зголемувањето на аголот на паѓањето на сончевите зраци, односно со зголемувањето на светлината и времетраењето на денот како и со почетокот на пролета - летната сезона во годината, цутењето на пупките на дрвјата и започнувањето на земјоделските работи. Овој древен празник поради истиот датум и истото верување со современиот македонски празник се зема за еден од доказите за етногенетските врски и поврзаноста помеѓу Античките и современите Македонци. Според сведоштвата на луѓето празникот Летник започнувал да се празнува уште во раните утрински часови на на 14 март (1 март по стар календар) заеднички и од Македонците рисјани и муслимани. Веднаш рано изутрината штом ќе се станело од спиење, луѓето гледале и барале да здогледаат некое пиле (птица) за според верувањето да бидат лесни како птица преку целата година. Потоа погледнувале во своите џебови да имаат златна или сребрена пара за преку годината секогаш да имаат пари и успех (бериќет). Се излегувало во шумите и планините и од таму во домовите се носеле тукушто расцутени дренови гранки и кај куќното огниште и луѓето наизменично се фаќале за дреновата гранка и за синџир за преку годината да бидат здрави како дрен и цврсти и силни како железо, а потоа за здравје се каснувале пуполците од дренот. Младите деца береле суви гранки и оделе од куќа до куќа фрлајќи ги во куќните огништа велејќи: Колку шумулчиња (пламенчиња), толку дечиња (слично како за Бадник пред Божик). На Летник задолжително доколку се одело во посета на некоја куќа се носело гранка од дрен, а домаќините го гоштевале гостинот со ореви, варена пченка и благо. Тој што ќе се погодел прв во денот да им влезе на домаќините во куќа, годината им минува со радост и успех (бериќет) од него, па затоа домаќините идната година на Летник го бараат повторно да им влезе в куќа (не мора да е прв, може и само како гостин), зашто за него се верувало дека е со „среќна рака“.


www.ilinden-tirana.com

 
Среќен 7- 8 ми Март PDF Печати Е-пошта
Петок, 06 Март 2015 19:25

 

 

Македонско друштво "Илинден"-Тирана ви посакуваме среќен 7- 8 ми Март со желба за многу лични успеси!

Shoqata Maqedonase "Ilinden"-Tiranë ju uron gëzuar 7-8 Marsin me dëshirën e shumë sukseseve personale!

Macedonian association "Ilinden"-Tirana wish you a happy 7-8 March with the desire of many personal successes!

 

 

 

 

 

 

 

 
<< Почеток < Пред 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 Следно > Крај >>

Страница 72 од 87