Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
25 Годишно генерално собрание на Светскиот Македонски Конгрес PDF Печати Е-пошта
Недела, 09 Август 2015 15:50

Светскиот Македонски Конгрес денеска одржа своето јубилејно Дваесет и петто годишно Генерално Собрание во големата сала на Советот на Град Скопје, Македонија. Македонско друштво “Илинден“-Тирана учестува на Годишно генерално собрание на Светскиот Македонски Конгрес со преставник на друштвото г-дин Ламбе Шатровси. Македонско друштво “Илинден“-Тирана од 2009 година е член во Светскиот Македонски Конгрес. На Годишно генерално собрание присуствуваа иселенички организации од четири континенти и гости. Македонската дијаспора без разлика на сите предизвици никогаш не ги заборавила своите корени, својот македонски јазик, својата вера, својот фолклор, никогаш не го заборавила својот национален идентитет. Генералното Собрание на СМК го одбележи јубилејот 25 години од возобновувањето на СМК, формиран во 1899 година во Женева, Швајцарија.


 

www.ilinden-tirana.com

 
Манифестација "Голо Брдо фест 2015“ PDF Печати Е-пошта
Среда, 05 Август 2015 15:32

Во организација на здружението "Голо Брдо“ од Џепиште Дебар, со поддршка на Министерството за култура на Македонија се одржа првото издание на музичката манифестација "Голо Брдо фест 2015“. Фестивалот го поздрави преседателот на Македонско друштво "Илинден"-Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај и Едмонд Османи пресавник на МАЕИ. На манифестацијата учествуваа ансамбли и музички секции од општините Дебар, Центар Жупа, Струга и Вевчани, настанот го следеа, покрај жителите на дебарските села, и Македнци од Голо Брдо Албанија. Поздравувајќи го фестивалот во име на организаторот, Атиф Бајрамовски нагласи дека овој фестивал се одржа во двете Голобрдски села кои се во Македонија но него го следат и голем број Македонци од областа Голо Брдо во Албанија. Тие се наши браќа и сестри, и наредната година ќе има учество и на фолклорна секција на македонски јазик од селото Требиште, Голо Брдо во Албанија“, изјави претседателот на здружението "Голо Брдо“ од Џепиште, Ернес Амзоски, и нагласи дека овој фестивал ќе биде традиционален и ќе го претставува македонскиот фолклор од областа Голо Брдо.


Преседателот на Македонско друштво "Илинден" Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај


Благодрница за Македонско друштво "Илинден" Тирана

 

www.ilinden-tirana.com

 
Честит Илинден PDF Печати Е-пошта
Петок, 31 Јули 2015 07:49

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви честитаме најголемиот Македонски празник Илинден, да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на Илинденско востание од 1903 - та.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо


 


www.ilinden-tirana.com


 
Соопштение: До медиумите PDF Печати Е-пошта
Вторник, 28 Јули 2015 17:12

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана строго ги осудува сите напори кои би го одзеле правото на македонците надвор од Република Македонија да гласат за претседателски и парламентарни избори во Република Македонија во трите изборни единици во дијаспората. За нас, предлогот за одземање на правото на глас на македонците надвор од Република Македонија претставува несфатлив потег кој укажува на длабоко непочитување на македонците надвор од Република Македонија. Бидејќи ние македонците надвор од Република Македонија сакаме да учествуваме во градењето на слободна и демократска држава, имаме  право најпрво заради нашето потекло, грижа и нераскинлива врска со татковината. Македонците надвор од Република Македонија се клучен партнер на Република Македонија и интегрален елемент за унапредување на Репулбика Македонија во сите полиња, особено надворешната политика и економијата. Истовремено, Македонците надвор редовно ја посетуват Македонија и со нивното доаѓање придонесува кон зголемувањето на локалната економија низ Македонија. Затоа Македонците надвор од Република Македонија мора да продолжат да ги ужива право на глас и да биде претставена преку свои пратеници во Собранието на Република Македонија. Македонците надвор од Македонија ги повикуват сите политички субјекти во Македонија, да покажат почит и јасна заложба за Македонците надвор од Република Македонија со единствена цел за напредок на Македонија и подобра иднина за Македонците.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај


www.ilinden-tirana.com

 
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ќе учестува на “Илинденски марш” 2015 од Охрид до Крушево PDF Печати Е-пошта
Вторник, 28 Јули 2015 14:35

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ќе учестуват на “Илиндески марш” со тројца преставници. Благодарение на здружението на граѓани „Христо Узунов“ од Охрид и годинава ќе има преставници на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо на “Илиндески марш”. Илинденски марш од Охрид до Крушево ке почне на 28 Јуни 2015 година со традиционалната молитва во црквата “Света Троица“ во населбата “Радојица Новичиќ“ во 17 часот, а поаѓањето ке биде на 29 јули 2015 година во 03 часот од улицата “Железничка“ Охрид. Илинденскиот марш го одбележува Илинденското востание во 1903 година, маршрута ке почне од Охрид преку Куратица, Дебрца, Илинскиот крај, Брезово и до Крушево, ќе пропешачат до легендарниот “Мечкин Камен“ во Крушево каде на 2 Август ќе присуствуваат на централната свеченост, ќе бидат составен дел и на манифестацијата “Десет дена Крушевска Република“.


www.ilinden-tirana.com

 
<< Почеток < Пред 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Следно > Крај >>

Страница 70 од 89