Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Денеска е „Европскиот ден на јазици“ PDF Печати Е-пошта
Петок, 26 Септември 2014 10:15

Секоја година на 26 септември се одбележува Европскиот ден на јазиците. На 6 декември 2001 Советот на Европа со подршка на Европскта унија го прогласи овој ден за официјален. Целта на празникот е да охрабри учењето на странски јазици во Европа.


 

Основни цели на Европскиот ден на јазиците е да се информира јавноста за важноста од изучувањето на странски јазици, да го подигне нивото на повеќејазичноста и интеркултурно разбирање, како и да промовира богатата  јазична и културна разновидност во Европа.


www.ilinden-tirana.com

 
ИПА Програмата за прекугранична соработка МК-АЛ PDF Печати Е-пошта
Вторник, 23 Септември 2014 18:01

 

 

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај  на 23.09.2014 година во  Хотел Тирана Интернационал  учестува на саем “ИПА Програмата за прекугранична соработка МК-АЛ”. На церемонијата на отворањето на саемот присуствуваа министерот за европска интеграција на Република Албанија г-ѓа Клајда Ѓоша, министерот за локална самоуправа на Република Македонија г-дин Лирим Шабани, директор на регионалните програми  во одделот на Европската комисија за проширување  г-дин Унгве Енгстром и претставници на невладини организации од Македонија и Албанија. Саемот се организирана со поддршка на делегациите на ЕУ од Македонија и Албанија, под покровителство на Министерството за европски интеграции на Република Албанија и Министерството за локална самоуправа и самоуправа на Република Македонија.

www.ilinden-tirana.com

 
Македонис од САД во посета кај Македонците во Тирана PDF Печати Е-пошта
Сабота, 13 Септември 2014 14:48

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај осварија средба со Македонистот Ериц Хеат Прендергаст од САД. Ериц е роден во Медисон Висконсин студира во Университетот на Калифорнија во Беркли. Гостинот се информира за активностите на друштвото и за положбата на македонците во Тирана, Голо Брдо, Гора и Мала Преспа. Цел на средбата беше гостинот да се запознае со дијалектот, обичаите, традицијата, фолклорот на Македонците во Република Албанија. Во срдечна атмосфера разговорите со гостинот од САД се водеа на македонски јазик.


 

www.ilinden-tirana.com

 
Истражувач од Москва во посета кај Македонците во Тирана PDF Печати Е-пошта
Петок, 12 Септември 2014 08:40

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај, потпретседателот Незир Меча и неколку членови на друштвото осварија средба со Максим Макарцев, истражувач од Институтот за славистика при Руската Академија на Науки во Москва Руска Федерација гостинот се информира за состојбата на Македонското национално малцинство во Република Албанија.


Максим Макарцев, Руски истражувач во Тирана

Цел на средбата со Македонците во Тирана беше да се запознае со дијалектот, обичаите, традицијата, фолклорот празниците, свабите, крштевките, обичаи и околу живот на Македонското национално малциство кое живее во Тирана. Во срдечна атмосфера разговорите со гостинот од Руска федерација  се водеа на македонски јазик. И на крај на двострано задоволство Македонците во Тирана добија ветување дека нема да бидат заборавени и дека ќе бидат повторно посетени во најскоро време.


 

www.ilinden-tirana.com

 
Прием за 8 - ми септември PDF Печати Е-пошта
Среда, 10 Септември 2014 12:48

Во Хотел Тирана Интернационал амбасада на Република Македонија во Тирана организира прием за 8-ми септември денот на независноста на Република Македонија. Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана учество со претседателот Никола Ѓурѓај секретар Незир Меча и генарален координатор Стојанка Палко.


 

www.ilinden-tirana.com

 
<< Почеток < Пред 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Следно > Крај >>

Страница 69 од 77