Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Агенција за Туризам на Албанија ќе ја попрви грешката со името Македонија PDF Печати Е-пошта
Недела, 05 Октомври 2014 15:54

 

Само ден по доставната писмена реакција, македонското друштво "Илинден"-Тирана доби позитивен одговор од Националната Агенција за Туризам на Република Албанија. Врз основа на реакцијата и забелешките околу содржината на "Турист Мап" доставена од македонското друштво "Илинден"-Тирана сакаме да ве информираме дека забелешките и барањата ќе бидат земени во предвид и направената грешка ќе биде отстранета, - стои во известието до македонското друштво "Илинден"-Тирана. Во истото се објаснува дека што се однесува до ФИРОМ, се базирале на google maps, додека не внесувањето на граничните премини тие биле земени од веб сајтот на Министерството на звнтарешни работи на Албанија, каде  како што се наведува, преминот Требиште-Џепиште не постои како премин. Ви благодариме за разбирањето и искаживаме посдготвеност за понатамошна соработка,- стои на крајот од известието. Реакцијата од името на сите Македонци во Република Албанија се однесува на тоа што на туристичката мапа Македонија ја пишуваат ФИРОМ. Од името на сите Македонци во Албанија доставивме писмо лично до генералната дректорка на Агенцијата, Јулијана Даме со кое побаравме воочените грешки да се остранат и во туристичката карта да се промовираа и тиризмот во областите Голо Брдо, Гора и Преспа каде што главно живеат Македонци а кои како што е познато изобилуваат со идеални услови за тоа. За таа цел, друштвото искажа подготвеност за соработка со Агенцијата. На туристичката карта "Турист мап" која е објавена од страна на Агенцијата, македонската држава е напишана MACEDONIA FYROM а така стои и во рубриката Embassies FYROM MACEDONIA. Во другите рубирки стои само MACEDONIA. На мапата воопшто не постои граничниот премин Требиште-Џепиште на албанско-македонската граница кај Дебар во областа Голо Брдо.


www.ilinden-tirana.com

 
Честитка до верниците со Исламска Вероисповед PDF Печати Е-пошта
Петок, 03 Октомври 2014 19:57

Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо честит Курбан Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година.


 

www.ilinden-tirana.com

 
Денеска е „Европскиот ден на јазици“ PDF Печати Е-пошта
Петок, 26 Септември 2014 10:15

Секоја година на 26 септември се одбележува Европскиот ден на јазиците. На 6 декември 2001 Советот на Европа со подршка на Европскта унија го прогласи овој ден за официјален. Целта на празникот е да охрабри учењето на странски јазици во Европа.


 

Основни цели на Европскиот ден на јазиците е да се информира јавноста за важноста од изучувањето на странски јазици, да го подигне нивото на повеќејазичноста и интеркултурно разбирање, како и да промовира богатата  јазична и културна разновидност во Европа.


www.ilinden-tirana.com

 
ИПА Програмата за прекугранична соработка МК-АЛ PDF Печати Е-пошта
Вторник, 23 Септември 2014 18:01

 

 

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај  на 23.09.2014 година во  Хотел Тирана Интернационал  учестува на саем “ИПА Програмата за прекугранична соработка МК-АЛ”. На церемонијата на отворањето на саемот присуствуваа министерот за европска интеграција на Република Албанија г-ѓа Клајда Ѓоша, министерот за локална самоуправа на Република Македонија г-дин Лирим Шабани, директор на регионалните програми  во одделот на Европската комисија за проширување  г-дин Унгве Енгстром и претставници на невладини организации од Македонија и Албанија. Саемот се организирана со поддршка на делегациите на ЕУ од Македонија и Албанија, под покровителство на Министерството за европски интеграции на Република Албанија и Министерството за локална самоуправа и самоуправа на Република Македонија.

www.ilinden-tirana.com

 
Македонис од САД во посета кај Македонците во Тирана PDF Печати Е-пошта
Сабота, 13 Септември 2014 14:48

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај осварија средба со Македонистот Ериц Хеат Прендергаст од САД. Ериц е роден во Медисон Висконсин студира во Университетот на Калифорнија во Беркли. Гостинот се информира за активностите на друштвото и за положбата на македонците во Тирана, Голо Брдо, Гора и Мала Преспа. Цел на средбата беше гостинот да се запознае со дијалектот, обичаите, традицијата, фолклорот на Македонците во Република Албанија. Во срдечна атмосфера разговорите со гостинот од САД се водеа на македонски јазик.


 

www.ilinden-tirana.com

 
<< Почеток < Пред 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Следно > Крај >>

Страница 68 од 76