Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

baner1

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Соопштение: Македонско друштво "Илинден"-Тирана PDF Печати Е-пошта
Четврток, 13 Февруари 2014 22:22

 

Македонско друштво "Илинден"-Тирана го поздравува говорот на министерката за Образование и Спорт г-ѓа Линдита Никола одржа денеска во Собранието на Република Албанија. Министерката вети дека во новата учебна година припадниците на македонското малцинство ке ги имат сите учебници на мајчин јазик. Македонско друштво "Илинден"-Тирана смета дека во новата учебна година ќе биде исполнет со сите учебници од странта на министерството за Образование и Спорт за македонското малцинство во Албанија.



www.ilinden-tirana.com

 
Поп Станко Илиа Која PDF Печати Е-пошта
Сабота, 08 Февруари 2014 23:43

Роден е на 1896 година во Ѓиновец, областа Голо Брдо. По завршувањето на училиштето, тој служел 3 години како поп во Шпат Елбасан. После враќањето од Елбасан во Голо Брдо служел како поп додека живел. За време кога служеше како поп во родното место Ѓиновес, Голо Брдо добил закани за убиство од лица не православни. Еден ден вторник, тргна од Ѓиновец за Врница да крштева дете, по пат 3 лица во заседа го убиеа. Атентаторите, исто така имале други преседани. Причината за овој грозен криминал чин беше дека Поп Станко Која  го ширеше  православната религија во областа Голо Брдо. Тој почина во 1944 година оставајќи ја неговата сопруга и две деца сираци. Двајца од убијците биле егзекутирани од страна на државата во Пешкопеја, еден од нив од страв од одмазда се мрда и умре во психијатрија. Тогаш пожар што ја зафати селото изгорени се, но црквата на Св. Никола, каде работел Поп Станко Која, за среќа преживеал. Но по попосле некое непознати лица го запалиле  црквата после падот на режимот на Енвер Хоџа, црквата Св.Никола се обнови повторно.

Црква Св.Никола село Ѓиновец Голо Брдо

Црква Св.Никола село Ѓиновец Голо Брдо изградена 1911 година

 

Никола Ѓурѓај

 


www.ilinden-tirana.com

 
Петгодишнината на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана PDF Печати Е-пошта
Четврток, 06 Февруари 2014 09:11

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај по повод петгодишнината на друштвото додели Благодарница “Илинден”. Mу се додели на г-дин Незир Меча потпретседател на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, на г-дин Павли Никола овтор на неколку книги, стати за македонското национално малциство во Република Албанија, и на г-дин Ули Халилај Претседател на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо. Благодарниците се доделени  за особен придонес за Македонското Национално Малциство во Република Алабнија и афирмација на Mакедонското друштво “Илинден“-Тирана. Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана од нејзиното формирање на 06.02.2009 година има работено за заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот и национални традиции на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и зајакнување на одличните односи меѓу Републик Македонија и Република Албанија.


 

Благодарница “Илинден” г-дин Незир Меча



Благодарница “Илинден” г-дин Павли Никола


Благодарница “Илинден” г-дин Ули Халилај


www.ilinden-tirana.com

 
Пет години Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана PDF Печати Е-пошта
Среда, 05 Февруари 2014 13:23

Пет години Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана  Од 06.02.2009 година до 06.02.2014 година

Pesë vjet Shoqatë Maqedonase "Ilinden"-Tiranë

Five years Macedonian Association "Ilinden"-Tirana

 

www.ilinden-tirana.com

 
Македонски голобордски фолклор PDF Печати Е-пошта
Вторник, 04 Февруари 2014 10:45

Со многу внимание и голем интерес за зачување и пренесување на македонскиот фолклор и традиција од областа Голо Брдо, авторите Цветан Зафир Мазнику, Вита Блаже Која, Митре Стојан Шутку издадоа шести том Народни песни 2

Куса биографија на авторите:

Цветан Зафир Мазнику, роден на 1938 година во село Клење, Голо Брдо. Основно образование завршил во родното село, гимназија завршил во Драч. Во 1957 година почна да студира за рударство во Лениград, Руска Федерација.

Вита Блаже Која, родена на 1957 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование завршила во родното село, а гимназија завршила во Тирана. Во 1980 година го завршила Економски факултет, додека од  1984 година работи како професор на Економскиот факултет во Тирана. Специјализирала на неколку универзитети во Македонија, Италија, Франција.

Митре Стојан Шутку, роден на 1948 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование има завршено во родното село, а гимназија и факултет во Тирана. Во текот на 20 години  работел како учител по селата во Голо Брдо, а 10 години како професор во Тирана.

Авторите имаат значаен придонес за зачувување на македонскиот фолклор од областа Голо Брдо. Овие книги ќе помогнат многу за пренесување на македонските обичаи, фолклор, традиција за помладите генерации на Македонците во Република Албанија.

 

www.ilinden-tirana.com

 
<< Почеток < Пред 61 62 63 64 65 66 67 Следно > Крај >>

Страница 66 од 67