Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

baner1

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Петгодишнината на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана PDF Печати Е-пошта
Четврток, 06 Февруари 2014 09:11

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај по повод петгодишнината на друштвото додели Благодарница “Илинден”. Mу се додели на г-дин Незир Меча потпретседател на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, на г-дин Павли Никола овтор на неколку книги, стати за македонското национално малциство во Република Албанија, и на г-дин Ули Халилај Претседател на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо. Благодарниците се доделени  за особен придонес за Македонското Национално Малциство во Република Алабнија и афирмација на Mакедонското друштво “Илинден“-Тирана. Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана од нејзиното формирање на 06.02.2009 година има работено за заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот и национални традиции на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и зајакнување на одличните односи меѓу Републик Македонија и Република Албанија.


 

Благодарница “Илинден” г-дин Незир Меча



Благодарница “Илинден” г-дин Павли Никола


Благодарница “Илинден” г-дин Ули Халилај


www.ilinden-tirana.com

 
Пет години Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана PDF Печати Е-пошта
Среда, 05 Февруари 2014 13:23

Пет години Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана  Од 06.02.2009 година до 06.02.2014 година

Pesë vjet Shoqatë Maqedonase "Ilinden"-Tiranë

Five years Macedonian Association "Ilinden"-Tirana

 

www.ilinden-tirana.com

 
Македонски голобордски фолклор PDF Печати Е-пошта
Вторник, 04 Февруари 2014 10:45

Со многу внимание и голем интерес за зачување и пренесување на македонскиот фолклор и традиција од областа Голо Брдо, авторите Цветан Зафир Мазнику, Вита Блаже Која, Митре Стојан Шутку издадоа шести том Народни песни 2

Куса биографија на авторите:

Цветан Зафир Мазнику, роден на 1938 година во село Клење, Голо Брдо. Основно образование завршил во родното село, гимназија завршил во Драч. Во 1957 година почна да студира за рударство во Лениград, Руска Федерација.

Вита Блаже Која, родена на 1957 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование завршила во родното село, а гимназија завршила во Тирана. Во 1980 година го завршила Економски факултет, додека од  1984 година работи како професор на Економскиот факултет во Тирана. Специјализирала на неколку универзитети во Македонија, Италија, Франција.

Митре Стојан Шутку, роден на 1948 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование има завршено во родното село, а гимназија и факултет во Тирана. Во текот на 20 години  работел како учител по селата во Голо Брдо, а 10 години како професор во Тирана.

Авторите имаат значаен придонес за зачувување на македонскиот фолклор од областа Голо Брдо. Овие книги ќе помогнат многу за пренесување на македонските обичаи, фолклор, традиција за помладите генерации на Македонците во Република Албанија.

 

www.ilinden-tirana.com

 
142 години од раѓањето на Гоце Делчев PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 03 Февруари 2014 14:17

На 04 Февруари 2014 година се обележува 142 години од раѓањето на Гоце Делчев еден од најголемите Mакедонски револуционери.

 

www.ilinden-tirana.com

 
Македонско друштво “Илинден” -Тирана ќе учестува манифестацијата Дионисови Слави PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 27 Јануари 2014 20:20

Македонско друштво “Илинден” -Тирана со групата "Лешничани" од Тирана ќе учестува на манифестацијата Скрб и Утеха -Тиха 2014 Дионисови Слави на 14-15.02.2014 година во Градска Библотека “Браќ Миладиновци“ Скопје, Македонија

 

 

www.ilinden-tirana.com

 
<< Почеток < Пред 61 62 63 64 65 66 Следно > Крај >>

Страница 65 од 66