Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

baner1

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Како Национален совет ќе изберат Македонците во Србија? PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 13 Октомври 2014 13:54

Интервју за Македонски весник “Илинден”-Тирана г-дин Славе Груевски претседателот на здружението на Македонците за Моравички округ „Даме Груев“ Србија.


 

Повод за ова интервју се изборите за Национални совети во Србија. За изборите, проблемите, положбата на македонската заедница во Србија, за очекувањата од идниот совет, побаравме интервју со претседателот на здружението на Македонците за Моравички округ „Даме Груев“–Србија од господинот Славе Груевски.

 

Весник Илинден: На 26.10.2014 година, ќе се одржат изборите за ново раководства на сите национални совети во Србија. Кажете ни нешто повеќе за тие избори?

 

Вкупно 24 малцинства во Србија ќе избираат нови раководства на своите национални совети. Единствено Турците и Русите, не се пријавија да формираат свој национален совет, а Горанците се изјаснија дека не се малцинство во Србија. Само четири малцинства советите ќе ги бираат по пат на електорски избори, македонците, хрватите, пољаците и црногорците, а сите други, советите ќе ги бираат на непосредни избори. За нас Македонците, за кандидатура на еден електор, беа потребни минимум 45 потписи подршка оверени во суд, општина од лица кои се запишани во ПБС. Веќе се знае, дека ние го исполнивме основниот услов од минимум 45 електори за одржување на нашето изборно електорско собрание.

 

Весник Илинден: И 2010 година имавте електорски избори. Зошто оваа година и ние немаме непосредни избори?

 

Затоа што, до денот на распишувањето на изборите, имавме запишано помалку од 40% од Македонците во Србија, според последниот попис од 2011 година, во Посебните Бирачки Списоци на нашето малцинство. Дали и ние можевме да имаме непосредни избори. Секако дека можевме, но сега е тоа што е. За кандидатура на нашите електори, околу 4.200 Македонци, запишани во ПБС дадоа потписи на подршка. Ако се знае дека сега имаме запишано 8.250 лиа во ПБС, тоа значи дека само 50% од запишаните во ПБС, или околу 18% од сите Македонци во Србија според последниот попис, на некој начин „гласаа“ и дадоа легалитет и легитимитет за изборот на новите 23 члена на нашиот совет. Некому му беше во интерес, да одиме на електорски избори. Зошто? Па затоа што полесно е да се „контролираат“ електорите, да не речам полесно може да се „преговара и избира“ со  одреден број на електори, отколку со сите запишани Македонци во ПБС. Да имавме непосредни избори, исто ќе имавме изборни листи, но ќе гласаа сите наши Македонци, широм Србија, кои се запишани во посебните бирачки списоци. Повеќе од јасно е дека следниот состав на советот и ние ќе го бираме на непосредни избори.

 

Весник Илинден: Колку членови брои Националниот совет, како се гласа, како се врши изборот на тие членови?

 

Според законот, нашиот совет брои 23 члена, од тоа 8 мора да се жени. Кандидираните електори, со заокружување за една од понудените листи, ќе одлучат кои се тие 23 члена. Гласањето е тајно. Вкупниот број на добиени гласови за секоја листа, се дели со броевите од 1 до 23, и според тоа се делат и освоените мандати.Најдоцна после 20 дена од изборите, на конститутивната седница, тие 23 члена меѓусебно ќе гласаат, исто тајно, и ќе треба да го изберат претседателот на советот, а на предлог на претседателот на советот, потоа се бира претседателот и членовите на Извршниот одбор на советот, од редовите на членовите на советот. Останатите органи на советот, претседателите и членовите на четирите задолжителни одбори според законот за образование, култура, известување, заштита на јазикот и писмото и сите други членови на останатите одбори немора да се членови на советот и они се бираат подоцна.

 

Весник Илинден: Вие сте еден од тие кандидирани електори и воедно ќе бидете носител на една изборна листа. Што тоа значи?

 

Да, јас сум електор и ќе бидам носител на изборната листа „ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ПРЕД СЕ“. Формирањето на повеќе листи е во согласност со законот за Национални совети и претставува дополнителен мотив и гаранција, изборите да успеат и да ги избереме најдобрите. Кај останатите малцинства, кај Буњевците има пријавено 9 листи, кај Унгарците 2, Румуните 7, Словаците 5 и така со ред. Ја знам одговорноста како носител на листа, јасни ми се прашањата, проблемите, обврските околу тоа: Кои се тие 23 Македонци, кои ќе влезат во советот, кои ќе одлучуваат за остварувањето на правата на Македонците од законот за Национални совети за образование, култура, известување, заштита на јазикот и писмото? Според кои критериуми од кандидираните електори, треба да се бираат новите членови на новиот состав на советот? Како да се направат изборните листи во однос на бројот на кандидирани електори од одредени градови, региони?

 

Весник Илинден: Како ќе ја составите Вашата листа? Кого ќе предложите?

 

Сите што добиле решение дека се електори заслужуваат да бидат членови на советот и можат да се кандидираат за претседател на советот и сите органи во советот.  Проблемите се јавуваат кај поединци, кои што мислат дека се незаменливи, дека се ќе пропадне ако они не се изберат повторно во органите на советот. Од кандидираните електори, 18 се претседатели на здруженија-асоцијаци, 12 беа членови и во претходниот состав на НС, /2010-2014/ а шестмина, беа членови и во првиот состав на НС, /2004-2010/ и сега повторно се кандидираат да бидат членови на советот. Јас како носител на листа, заедно со сите електори кои ќе ја подржат нашата листа, ќе обезбедам, за членови на советот да ги избереме најдобрите, оние кои знаат, можат и сакаат да работат. Оние кои се докажале во досегашната работа. Оние кои уживаат углед во своите средини, во своите здруженија. Секако дека се ова е поврзано со сваќањето што значи да се биде член на советот, или да се биде избран во органите на советот. Кои се правата, обврските, привелегиите, да се работи во здруженијата, сојузот и сега во советот.

 

Весник Илинден: Ако бидете избран за претседател на советот, како Вие, со место на живеење во Шумадија, ќе го водите советот  чие седиште е во Панчево, АП Војводина?

 

Очекувано прашање. Повеќе активисти на разни здруженија и кандидирани електори ме прашуваа за ова. Еве го одговорот.Нашата листа, во својата програма предвидува дека претседателот на советот, немора да биде стално платено лице, на кое тоа ќе му биде професија, занимање, вработување. Така беше досега кај повеќето национални совети. Доволно е само секретарот и книговодителот да бидат стално вработени. Стално вработените и платени лица, не се мерило за остварување на повеќе права според законите. Со подобра организациска поставеност и поефикасна работа можеме да постигнеме и повеќе во остварувањето на своите права. Да оставиме повеќе средства за финансирање или суфинасирање на програмите и проектите од областа на образованието, културата, известувањето, службената употреба на јазикот, она за што државата првенствено издвојува средства. Секако дека ова не важи за вработувањата за институциите кои ги формира советот, каде вработувањата одат преку конкурс. Според мене, поважно е кого ќе избереме за претседатели и членови на одборите и потпреседатели на советот. Во денешно време на комуникациска поврзаност, за интернет и телефони со подобра организациска поставеност се тоа внесено во новиот статут и другите правилници на советот поефикасна  и одговорна работа, можеме да постигнеме и повеќе во остварувањето на своите права. Ако имаме добри планови за работа, координација, соработка и контрола на реализираното, лесно ќе им биде и на членовите на Извршниот одбор и на сите членови од советот во реализирањето на нивните обврски како членови. Во такви услови, небитно е кој е и од каде е престедателот на советот.

 

Весник Илинден: Што велат законските прописи по ова прашање?

 

Нажалост, до крај нерегулирана проблематика според сегашниот закон. Се надевам дека новиот закон за национални совети кои треба да се донесе веднаш по изборите, подобро ќе ја регулира и оваа проблематика. Државата одвојува средства за остварување на правата на самоуправа на малцинствата од областа на образованието, културата, известувањето, службената употреба на јазикот и писмото. Законот не наведува колку средства за кои намени да се тршат, дали 50% од тие средства ќе се трошат за плати и придонеси како што беше досега со нашиот совет, или за поинаква распределба на тие средства.

 

Весник Илинден: Од разговорите со некои активисти на Македонците во Србија, Ви „замераат“ за тоа дека планирате да заведете „војничка дисциплина“ во работата на советот?

 

Што има лошо во тоа, да се знае за ред, работа, дисциплина, одговорност, како што е во таквите структури како што е војската. Без оглед што активностите на советите спаѓаат во невладиниот сектор, тие се државни тела на оваа земја, основани според закон, со регулирани, права, должности, обврски. Исто и овде мора да има ред, работа, дисциплина, одговорност. Затоа мора да се даде и отчет за планираното, потрошеното. И плус се тоа да биде јавно, транспарентно. Само така ќе ја потврдиме довербата и угледот на нашиот совет, кај сите наши здруженија-асоцијации, кај сите наши македонци во Србија. Само така ќе успееме да ги остваруваме сите права по законот за национални совети и останатите прописи кои ги регулираат малцинските права.

 

Весник Илинден: Во која мерка политиката и партиите имат влијание во изборите на советите?

 

Јасно ни е дека свое влијание имаат и политичките малцински партии но и сите други партии во Србија. Националните совети треба да бидат аполитични институции, кои што ќе ги застапуваат интересите на сите припадници на таа заедница, без оглед на политичката припадност. Го истакнувам позитивниот став на ДПМ – Демократската партија на Македонците, која што дава свој придонес да избереме совет. Добро е што досега партијата не се „определи“ ниту за една листа. Можеби затоа што во кандидираните електори има претставници од „двете струи“, кои го подржуваат сегашното и претходното раководство на партијата. Јасни се моите определби, во однос на партиските влијанија и односот кон ДПМ.Членството во политички партии и гласањето на избори е лична работа на секој поединец, но на нашата листа нема места за лица кои се членови, активисти и функционери на други политички партии, лица кои биле на изборни листи на други партии, освен во ДПМ. Не сакам да ни се случи она што беше за парламентарните и локалните избори во 2012 година, кога сегашниот претседател на советот беше кандидат за пратеник на листата на Демократска странка, и во името на националниот совет и сојузот, се издаде соопштение Македонците во Србија да гласаат за листата на „Демократската странка на Борис Тадиќ, а ДПМ беше во коалцијија со СНС-Српска напредна страна, и тогаш претседателот на ДПМ постана и беше пратеник во собранието на Србија од 2012 до изборите во 2014 година. Слични примери за ваквите партиски разлики, имавме и во некои општини за локалните избори.

 

Весник Илинден: Во кратко, наведете ги барем оасновните точки од вашата програма за работа на советот во идниот период?

 

Како што од порано ги изнесовме критериумите за предлагање и избор на електори и условите за избор за членови на советот и другите органи во советот, и нашата програма е јавна, достапна за сите електори. Еве ги тежишните активности Да престанат делбите помеѓу Македонците во Србија. Да знаеме кои сме, колку сме, како да се чуваме. Активно да работиме за подобро остварување на правата на самоуправа од законот за нациоални совети. Да имаме подобра и континуирана соработка со Република Македонија, со асоцијациите на Македонците во регионот. Доста ни се делби и кавги. Предизвиците со кои сме соочени, не ни дозволуваат повеќе да се делиме, нити овде, во дијаспората, нити во татковината.Време е да знаеме кои сме, колку сме, каде не има, како слободно да се изјаснуваме на пописите. Да имаме здруженија–асоцијации во сите општини во Србија, затоа што според пописот, не има во сите општини во Србија освен во 2 општини. Да обезбедиме да имаме непосредни избори. Да не заборавиме дека  учењето и негувањето на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е основа за зачувување на македонскиот идентитет, основата на нашето битие, на нашето постоење. Да ги подобриме условите македонците да ја негуваат македонската култура, традициите, обичаите и фолклорот и на тој начин да го зачуваат македонскиот идентитет. Ние како Mакедонци, како лојални граѓани на државата Србија, успешно сме интегрирани во средините во кои живееме, но не смее да го заборавиме својот мајчин јазик.

 

Весник Илинден: Колку сте задовлни од остварувањето на правата на Македонците во Србија?

 

Тука морам да кажам дека според Законот за национални совети и другите прописи кои ги регулираат малцинските права, ние Македонците, како и сите останати малцинства ги имаме сите права. Друго е прашање колку и како ги користиме сите погодности и ги остваруваме тие права. Секогаш се може подобро. Според годишните извештаи за 2013 година, најмалку сме задоволни од работатата на одборите за култура  и службена употреба на јазикот и писмото. Ќе видиме какви ќе бидат извештаите за работа на овие одбори за оваа година.

 

Весник Илинден: Вашата порака до електорите, до Македонската заедница во Србија?

 

Порака до сите Македонци во Србија, да се вклучат во работата на нашите здруженија, да веруваат во советот, да ни помогаат подобро да ги остваруваме своите малцински права.Јас како носител на една листа, ќе разговарам со сите електори, без оглед како се они предложени, кандидирани и избрани, да им ја изнесам нашата програма, да ги повикам да гласаат за нашата листа. До денот на гласањето, имаме уште време, да се консултираме, да поразговараме, да предложиме, да ги избереме најдобрите.

 

Да се избориме за промени, нови лица, нови идеи. Од нас зависи. Нека победат идеите, нека победи онаа листа која ќе добие најповеќе гласови. Се работи за нас Македонците. Затоа гласајте ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ПРЕД СЕ.

 

Славе Груевски, електор и носител на листа

 

www.ilinden-tirana.com

 
Денот на народното востание одбележан во Голо Брдо PDF Печати Е-пошта
Сабота, 11 Октомври 2014 17:59

Амбасадорот на Република Македонија во Тирана г-дин Стојан Карајанов по повод 11 -ти Октомври-Денот на народното востание, денеска престојуваше кај македонците во Требиште областа Голо Брдо. На средбата беа претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо г-дин Ули Халилај. Амбасадорот Карајанов имаше средби со жители на повеќе села со кои преку искрени честитки си го честитаа празникот, а тие го запознаа и со проблемите со кои се сочуваат, инфраструктурен аспкет, образование и здравство.

 

 

Амбасадорот го замоливме да издејствува од владите на двете земји преминот да работи 24 часа, а не како сега, во лето до 20 а во зима до 18 часот. Исто така бараме преку него да може да минува секој намерен или случаен патник  а не само жителите од двете страни на пограничниот регион.На средбата со претставници невладините организации на Македонците од оваа област, амбасадорот се запознал со повеќе прашања и проблеми кои ги преокупираат Македонците, но било разговарано и околу новиот Закон за територијална поделба, со кој се укинуваат македонските општини во областа Голо Брдо.


www.ilinden-tirana.com

 
Меморандум за соработка Илинден и Сонце PDF Печати Е-пошта
Сабота, 11 Октомври 2014 15:03

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана преставувано од претседателот на друштвото г-дин Никола Ѓурѓај и Здружението на Македонците по потекло од Албанија “Сонцe”-Скопје Република Македонија преставувано од преседателот г-дин Едмонд Сотир на 11.10.2014 година во Скопје, Македонија потпиша меморандум за соработка во областа на културата. Со овој меморандум за соработка двете огранизации се обврзуваат на меѓусебна соработка и помош во рамки на нивните можности во натамошната своја работа и при спроведување на активностите од заеднички интерес.


www.ilinden-tirana.com

 
Честит 11-ти октомври PDF Печати Е-пошта
Четврток, 09 Октомври 2014 09:47

 

 

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви го честитаме 11-ти октомври денот на востанието на Република Македонија, да го почитуваме и славиме овој голем ден.


Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател
г- дин Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо
Претседател
г- дин Ули Халилај


www.ilinden-tirana.com

 
Агенција за Туризам на Албанија ќе ја попрви грешката со името Македонија PDF Печати Е-пошта
Недела, 05 Октомври 2014 15:54

 

Само ден по доставната писмена реакција, македонското друштво "Илинден"-Тирана доби позитивен одговор од Националната Агенција за Туризам на Република Албанија. Врз основа на реакцијата и забелешките околу содржината на "Турист Мап" доставена од македонското друштво "Илинден"-Тирана сакаме да ве информираме дека забелешките и барањата ќе бидат земени во предвид и направената грешка ќе биде отстранета, - стои во известието до македонското друштво "Илинден"-Тирана. Во истото се објаснува дека што се однесува до ФИРОМ, се базирале на google maps, додека не внесувањето на граничните премини тие биле земени од веб сајтот на Министерството на звнтарешни работи на Албанија, каде  како што се наведува, преминот Требиште-Џепиште не постои како премин. Ви благодариме за разбирањето и искаживаме посдготвеност за понатамошна соработка,- стои на крајот од известието. Реакцијата од името на сите Македонци во Република Албанија се однесува на тоа што на туристичката мапа Македонија ја пишуваат ФИРОМ. Од името на сите Македонци во Албанија доставивме писмо лично до генералната дректорка на Агенцијата, Јулијана Даме со кое побаравме воочените грешки да се остранат и во туристичката карта да се промовираа и тиризмот во областите Голо Брдо, Гора и Преспа каде што главно живеат Македонци а кои како што е познато изобилуваат со идеални услови за тоа. За таа цел, друштвото искажа подготвеност за соработка со Агенцијата. На туристичката карта "Турист мап" која е објавена од страна на Агенцијата, македонската држава е напишана MACEDONIA FYROM а така стои и во рубриката Embassies FYROM MACEDONIA. Во другите рубирки стои само MACEDONIA. На мапата воопшто не постои граничниот премин Требиште-Џепиште на албанско-македонската граница кај Дебар во областа Голо Брдо.


www.ilinden-tirana.com

 
<< Почеток < Пред 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Следно > Крај >>

Страница 64 од 73