Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

baner1

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Преставникот на македонскот малциство во државниот комитет против територијална поделба PDF Печати Е-пошта
Вторник, 22 Јули 2014 09:38

 

 

Преставникот на македонско малциство во државниот комитет за малциство во Албанија Нико Китани е против новата мапа на административно-територијална поделба, со 61 општини усвоени од страна на Собраниската комисија за територијалната реформа, бидеќи во новата териториална поделба ја опфака само Општина Пустец, преставникот на македонско малциство во државниот комитет за малциство бара и општините во Голо Брдо и Гора да останат самостојни бидеќи таму живе голм дел на македонското малцисто.


www.ilinden-tirana.com

 
Острите реакции на Македонците од Мала Преспа ги прекинаа дивите ископувања PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 14 Јули 2014 21:23

Острите реакции на Македонците од Мала Преспа ги прекинаа дивите ископувања почнати деновиве на островот Мал Град-Мала Преспа во Преспанското Езеро. Според Спасе Мазенковски, историчар, без дозвола албанско-грчка група археолози, како и пред две години, почнала археолошки ископувања без да ја информира локалната власт, а за дозвола не ни станува збор. И пред две години се случи истото. И тогаш по нашата реакција, ископувањата беа прекинати. Жителите од Пустец се вознемирени од илегалното ископување од грчки археолози имајќи ги предвид односите меѓу Македонија и Грција. Грција секогаш ја преиначувала реалноста за Македонија. Бараме од соодветните институции да соработуваат со македонските експерти зашто Грција ќе ја скрие вистината - вели Мазенковски. Според него, пронајдените археолошки предмети треба да се етикетираат според периодот од кој потекнуваат и да се презентира реалноста, но како што вели, не верува во грчките археолози. Затоа, вели Мазенковски, албанските археолози треба да соработуваат единствено со македонските колеги. Грција постојано ја извитоперува македонската реалност. Грција секогаш негирала сe што е македонско и сe што му припаѓало на македонскиот народ. Грција стигна до таму што го негира и името на Република Македонија. Поаѓајќи од тоа, ние сме загрижени дека во овие археолошки ископувања ќе се прикаже нешто друго, само не реалноста. Грција секогаш ја криела вистината кога станува збор за Македонците и затоа сме загрижени и реагираме-вели Мазенковски.Тој тврди македонската археологија е заинтересирана да учествува во заеднички проекти со соседите. Македонските археолози треба да се вклучени во истражувања на островот Мал Град и да бидат дел од тој заеднички тим на колеги од Грција и од Албанија. Иако со години им нудиме соработка на грчките колеги за заеднички проекти, оттаму нема никаква заинтересираност. Управата за заштита на Спомениците на културата во Kорча формирала работна група за верификација на фактичката состојба на терен, по известувањето за ископувањата во Општина Пустец. Од увидот било потврдено дека албанско-грчката група археолози не поседува соодветна документација и оти веќе ископала четири дупки со должина од 5 метри и длабочина од 1 метар. Ископувањата се сметаат за нелегални, па веднаш се прекинати.

МАЛ ГРАД БОГАТ СО АРТЕФАКТИ ОД СИТЕ ВРЕМИЊА

Пред три години заедничка грчко-албанска археолошка експедиција на Мал Град откри гробница со десетина гроба, кои датираат од праисторијата од бронзен до византиски период. Во речиси сите гробови немало инвентар. Гробовите се поставени во гробницата во четири дела. Секој гроб е одвоен од другиот со ѕид, а целата гробница е опкружена со ѕид, што е карактеристика од римскиот период. Истражувања покажаа дека островот Мал Град бил населен уште од праисторијата, односно и пред цар Самуил, каде што била неговата летна палата. Мала Преспа е населена уште во времето на неолитот (7.000 години пр.н.е). Тука се простира богатата историско-археолошка област: неолитското живеалиште (7.000 години пр.н.е) Острово кај с.Туминец, подводното живеалиште на местото Старо Село кај Туминец од бронзениот период, Римскиот пат (2 век н.е.) што ги поврзува село Долна Горица со местото Набели, Ѕидот на Александар Трети Македонски на планинскиот премин Ќафата. Надалеку се познати пештерските цркви од византискиот и поствизантискиот период од 12 до 15 век, кои се наоѓаат на брегот на Преспанското Езеро.

 

www.ilinden-tirana.com

 
Честитка за статус кандидат за ЕУ PDF Печати Е-пошта
Вторник, 24 Јуни 2014 20:31

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го поздравува добивањето статус кандидат за ЕУ на Република Албанија. Добивањето на кандидатскиот статус е во корист на сите граѓани, бидејќи европската перспектива на Албанија е перспектива на иднината. Добивањето на кандидатскиот статус треба да ја охрабри албанската влада, и другите актери компетентни во областа на заштита на малцинствата да направат политики во полза на малцинствата, што ќе овозможи целосно исполнување на петтата препорака на Европската унија која што е поврзана со подобрување на човековите права и правата на малцинствата и ќе се гарантира повисоко ниво на третманот на малцинствата во Република Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги поддржува албанските институции во продолжување на реформите потребни за членство во ЕУ и ќе  даде својот придонес во исполнувањето на препораките на Европската комисија во однос на правата на малцинствата.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател  Никола Ѓурѓај


www.ilinden-tirana.com

 
Семинар "Биди иницијатор на промени" PDF Печати Е-пошта
Среда, 18 Јуни 2014 22:45

 

Локалната канцелариа на Микрософт за Албанија и Метаморфозис од Репблика Македонија, во соработка со Движењето “Доста” на 18 јуни 2014 во  Хотел Тирана Интернационал организира ден посветен на невладиниот сектор "Биди иницијатор на промени". Присутни на семинарот беше претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо г-дин Ули Халилај и потпретседателот г-дин Алфред Садику.


Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај

 

Microsoft NGO Connection Day е посветен на граѓанските организации ќе им овозможи да ги подобрат своите вештини во користење на ИКТ преку интерактивни програми, но исто така да научат повеќе за користењето на можностите кои ги нуди  Микрософт со програмата Youth Spark.

 

www.ilinden-tirana.com

 
Стартува бродската линија Охрид - Поградец PDF Печати Е-пошта
Вторник, 17 Јуни 2014 22:55

Со звуците на познатата староградска песна „Билјана“ првиот брод денеска отплови во 11 часот и 30 минути и за два часа пристигна на пристаништето во Поградец. Меѓу присутните беа министерот за транспорт и врски на Република Македонија Миле Јанакиески, градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески. По пристигнувањето во Поградец, Јанакиески и Бакрачески беа пречекани од своите албански колеги, министерот за транспорт и инфраструктура Едмонд Хаџинасто,градоначалникот на Поградец Артан Шкемби, амбасадорот на Република Македонија во Тирана Стојан Карајанов и преставници на Македонската заедница во Република Албанија.


 

Ова е дополнителен сигнал за добрососедските односи меѓу Република Македонија и Република Албанија, но ова е еден проект кој ќе значи зголемување на понудата во делот на туризмот и во Охрид и во Поградец. Оваа пригода ја користам да ги повикам туристичките работници од двете земји да ја искористат оваа линија за да привлечат дополнителен број на туристи во двата града, изјави Јанакиески при слегувањето од бродот во Поградец.



Охрискиот градоначалник Никола Бакрачески, вети дека ќе биде дел од заложбите за побрза комуникација помеѓу жителите на двата града. Бродовите од охридското пристаниште ќе пловат до Поградец до15-ти септември. Оваа бродска линија беше долгонајавувана, но сега конечно се реализира благодарение нав владите на двете држави. До 1948 година по езерските води градовите Охрид и Поградец ги поврзувал бродот Корзика. По многу време патниците границата ќе можат да ја поминат по воден пат. Цената на билетите се уште не е позната, но според проценките на туристичките работници таа би чинела околу 15 евра.



www.ilinden-tirana.com

 
<< Почеток < Пред 61 62 63 64 65 66 67 68 Следно > Крај >>

Страница 63 од 68