Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

niprom

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Македонски голобордски фолклор PDF Печати Е-пошта
Вторник, 04 Февруари 2014 10:45

Со многу внимание и голем интерес за зачување и пренесување на македонскиот фолклор и традиција од областа Голо Брдо, авторите Цветан Зафир Мазнику, Вита Блаже Која, Митре Стојан Шутку издадоа шести том Народни песни 2

Куса биографија на авторите:

Цветан Зафир Мазнику, роден на 1938 година во село Клење, Голо Брдо. Основно образование завршил во родното село, гимназија завршил во Драч. Во 1957 година почна да студира за рударство во Лениград, Руска Федерација.

Вита Блаже Која, родена на 1957 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование завршила во родното село, а гимназија завршила во Тирана. Во 1980 година го завршила Економски факултет, додека од  1984 година работи како професор на Економскиот факултет во Тирана. Специјализирала на неколку универзитети во Македонија, Италија, Франција.

Митре Стојан Шутку, роден на 1948 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование има завршено во родното село, а гимназија и факултет во Тирана. Во текот на 20 години  работел како учител по селата во Голо Брдо, а 10 години како професор во Тирана.

Авторите имаат значаен придонес за зачувување на македонскиот фолклор од областа Голо Брдо. Овие книги ќе помогнат многу за пренесување на македонските обичаи, фолклор, традиција за помладите генерации на Македонците во Република Албанија.

 

www.ilinden-tirana.com

 
142 години од раѓањето на Гоце Делчев PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 03 Февруари 2014 14:17

На 04 Февруари 2014 година се обележува 142 години од раѓањето на Гоце Делчев еден од најголемите Mакедонски револуционери.

 

www.ilinden-tirana.com

 
Македонско друштво “Илинден” -Тирана ќе учестува манифестацијата Дионисови Слави PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 27 Јануари 2014 20:20

Македонско друштво “Илинден” -Тирана со групата "Лешничани" од Тирана ќе учестува на манифестацијата Скрб и Утеха -Тиха 2014 Дионисови Слави на 14-15.02.2014 година во Градска Библотека “Браќ Миладиновци“ Скопје, Македонија

 

 

www.ilinden-tirana.com

 
Среќен Богојавление Христовo - Водици PDF Печати Е-пошта
Сабота, 18 Јануари 2014 17:23

 

Дозволете ми во мое лично име и во име на Македонското друштво “Илинден”-Тирана. На сите православни верници, да ви го честитам големиот Христијански празник Богојавление Христовo - Водици. Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба. Радувајќи се на Исусовото крштевање, осветувајќи ги македонските води да си посакаме подобра иднина, знаење, мудрост и енергија, сила и верба за позитивните исчекори. Да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година. Бидете благословени и нека ни е честит големиот христијански празник.

Нека е честит празникот и за многу години.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана


www.ilinden-tirana.com

 
Македонците вo Тирана го одбележаа празникот Василица Стара Нова Година PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 13 Јануари 2014 15:24

Македонцитие во Тирана традиционално на 12.01.2014 година со ори и песни го одбележаа големиот Христиjански празник Василица Стара Нова Година. На прославата присуствуваа Македонци со потекло од Врбник, Голо Брдо, Мала Преспа, Поградец кои живат во Тирана. Меѓу присутните беа Амбасадорот на Република Македонија во Тирана г-дин Стојан Карајанов, претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај и генерален координатор г-ѓица Стојанка Пако

 

Прослава на 12.01.2014 година во Тирана за Василица Стара Нова Година

 

 

 

 

Прослава на 14.01.2014 година во Тирана за Василица Стара Нова Година

 

 

 

www.ilinden-tirana.com

 
<< Почеток < Пред 61 62 63 Следно > Крај >>

Страница 62 од 63