Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

niprom

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Денеска се одбележуваат 145 години од раѓањето на Гоце Делчев Македонскиот револуционер PDF Печати Е-пошта
Сабота, 04 Февруари 2017 08:41

 

Македонија и Македонците во татковината и во светот одбележуваат 145 години од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење во дваесеттиот век Гоце Делчев. Панихида за помен на името и делото на Гоце Делчев во 11.00 часот во дворот на црквата “Свети Спас“ до Калето, ќе одржи Поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски со свештенослужители од Скопската Епархија. Свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев ќе положат делегации на Владата на Република Македонија, претседателот на Република Македонија, Армија на Република Македонија, градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, МАНУ, Инситутот за национална историја и Музејот на ВМРО, како и делегаци на Македонците од соседите земји, училишта и установи кои го носат неговото име. Свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев ќе положат и делегации на Светскиот Македонски Конгрес, Сојузот на Македонците од Егејот, Сојузот на Македонците со исламска религија и Матицата на иселениците од Македонија. Идеологот на македонската револуционерна борба е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, Егејскиот дел на Македонија, во семејството на Султана и Никола Делчеви. Визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница во екот на подготовките за Илинденското востание. Тој бил против прераното започнување на востанието и заедно со својата чета ја обиколувал Македонија за да ја согледа состојбата. Вечна му слава и памјат. Амин!


www.ilinden-tirana.com

 
Македонско друштво “Илинден”-Тирана го осудува барањето на бугарските европратеници PDF Печати Е-пошта
Четврток, 02 Февруари 2017 19:18

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го осудува барањето на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски во ЕП за признавање на бугарско малцинство во Република Албанија. Македонско друштво ‘’Илинден’’-Тирана ги отфрла тврдењата на бугарските претставници во ЕП, дека во Албанија има Бугари, како груб фалисфикат на историјата и вистината. Во регионите Голо Брдо, Преспа, и Гора како и цела територија на Република Албанија ниту имало ниту има Бугари, така било, така и ќе остане. Македонско друштво ‘’Илинден’’-Тирана ги осудува активностите на бугарската држава, во обидите за фалсификат на историјата. Бугарија продавајќи бугарски пасоши на Македонците во албанија се обидува да создава Бугари во Албанија кои ги нема. Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од албанската влада и од македонската влада да го осудат овој чин на бугарските претставници во ЕП и да побара Македонците од Албанија да не бидат злоупотребувани за стопирање на патот на Албанија кон интеграциските процеси кон ЕУ.


Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај

 

 

www.ilinden-tirana.com

 
Промоција на книгата “Македонскиот народ во Албанија“ од Спасе Мазенковски PDF Печати Е-пошта
Среда, 01 Февруари 2017 11:07

Во организација на Иницијативата за семакедонско обединување од Прилеп, на 4 февруари 2017 година, со почеток во 18 часот во градската библиотека “Борка Талески“ во Прилеп, ќе се одржи промоција на книгата “Македонскиот народ во Албанија“ чиј автор е Спасе Мазенковски од Леска, Мала Преспа. Промотори на книгата се професор д-р Виолета Ачкоска. Книгата содржи повеќе податоци за Македонците во Република Албанија, нивниот живот, културна афирмација и организација. Промоцијата на книгата е по повод одбележувањето на 145. годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев.

 

 

 

www.ilinden-tirana.com

 
Заврши конкурсот за логото по повод 10-годишнината од формирање на македонско друштво Илинден Тирана PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 23 Јануари 2017 14:18

 

 

Заврши конкурсот за логото по повод 10-годишнината од формирање на македонско друштво “Илинден“-Тирана. Конкурсот кој друштвото го објави кон крајот на јули се бараше логото да ги одразува досегашните активности на друштвото. Победник со најмногу лајкови на профилот на фејсбук на Македонско друштво “Илинден”-Tирана е предлогот на Мартин Бибовски. Логото на Бибовски е облик на округло лого во стил на монограм, со двете бои жолто и црвено, во центарот е претставен обликот на споменикот “Македониум“ во Крушево, како симбол на празникот Илинден и во преден план е истакнато “10 години“ со сонцето од Кутлеш во нулата. На рабовите е испишано името на друштвото на македонски јазик и албански јазик. Логото ќе се користи во сите официјални документи и сите активности на Македонско друштво “Илинден”-Тирана од 1 февруари 2017 до шести февруари 2018 година се прават 10 години Македонско друштво “Илинден”-Тирана.


 

 

www.ilinden-tirana.com

 
ХРВ одбива да ги идентификува преговорите за името како напад врз најосновните права на Македонците PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 23 Јануари 2017 10:26

 

 

И покрај барањата од Македонското меѓународно движење за човекови права до Хјуман Рајтс Воч, која важи за една од најголемите и највлијателни организации за човекови права во светот, да ги осуди од Обединетите Нации спонзорираните преговори за името со цел да се смени името на Македонија, оваа организација го одби тоа. Бенџамин Ворд, заменик директор на Дивизијата на ХРВ за Европа и Централна Азија како причина го наведе следново: „Ја разбирам вашата загриженост во врска со прашањето за името, но бидејќи тој проблем, кој што е всушност меѓудржавен спор, може да биде поврзан со последиците за човекови права кои што имаат влијание врз македонското малцинство во Грција (или на било кое друго место), не е според нас прашање поврзано со човекови права, бидејќи државите не се тие што имаат човекови права.“

Името на државата е во директна корелација со тоа како се нарекува народот. Претседателот на ММДЧП Бил Николов го објаснува тоа: Причината што Грција се спротивставува на името на Македонија е заради негирање на постоењето на македонскиот народ во целина, како и прогонување на македонското малцинство во Грција. Тие не сакаат некој тие луѓе да ги знае како Македонци, па името на државата директно влијае врз основните човекови права (и име) на целиот македонски народ. Тоа што го наведувате дека државите немаат човекови права е неприфатливо, затоа што ние зборуваме за луѓето во оваа држава, на кои што дури и етничкиот идентитет не им е прифатен“.

Хјуман Рајтс Воч во минатото имаше големо влијание врз прашањата за македонските човекови права, а нивниот историски извештај од 1994 Негирањето етнички идентитет – Македонците во Грција“ му помогна на се’ уште непризнатото и прогонувано македонско малцинство да си ги објават своите маки. Како и да е, Македонците воопшто не беа спомнати во годишниот извештај на ХРВ од 2017 година, во делот за Грција, а останатите етнички малцинства беа само летимично спомнати. Во делот од извештајот на ХРВ за Србија и Косово, Македонците исто така не беа спомнати, а за Албанија и Бугарија воопшто немаше извештај од Хјуман Рајтс Воч.

Поради одбивањето да се осудат преговорите за името, Бил Николов им го потенцираше на ХРВ следново: За жал, Грција се потпира на овие позиции со намера да го негира постоењето на Македонија и Македонците.“

Како основа за негирање на Македонците и другите етнички малцинства и нивните човекови права, Грција употребува квази-аргументи. Според официјалната политика на Грција, македонското малцинство во Грција „не постои, но и кога би постоело...", според нив „човековите права не можат да се применуваат колективно, туку важат само за поединци". Грција се осмелува да тврди нешто што очигледно не е точно, а тоа е дека сите во Грција уживаат „еднакви човекови права нешто што е со децении дискредитирано од страна на Обединетите нации, Европскиот суд за човекови права и од други организации што ги анализирале човековите права во нивната земја. За жал, сегашната позиција на ХРВ за прашањето за името, несвесно, спаѓа во категоријата на користење на семантиката како основа за негирање на човековите права на Македонците.

Како што Хјуман Рајтс Воч направи во својот извештај од 1994, ММДЧП се надева дека ова движење ќе заземе значајна улога во одбрана на основните човекови права, согласно нивниот мандат, па веднаш ќе побара прекин на преговорите за името. ММДЧП ги повикува и другите организации за човекови права да го направат истото, а го повторува и повикот до меѓународната заедница, до оној поголем дел кои што ја признаа Македонија под нејзиното вистинско име, да го преземат логичниот чекор и да побараат крај на преговорите за името. Ваквите чекори би значеле и крај на, од Обединетите нации спонзорираниот напад врз Македонија и врз правата на Македонците за самоопределување, самоидентификација и најосновните човекови права.


www.mhrmi.org

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 7 од 63