Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Честитка од Македонско друштво „Илинден“ за 8-ми септември денот на независноста на Македонија PDF Печати Е-пошта
Среда, 18 Септември 2019 16:41

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви го честитаме 8-ми септември денот на независноста на Република Македонија. Да е вечен да го почитуваме и славиме овој голем ден.

 
Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана по повод Успение на Пресвета Богородица PDF Печати Е-пошта
Вторник, 27 Август 2019 17:49

Во пресрет на утрешниот голем христијански празник Успение на Пресвета Богородица, македонското друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо, упатија честитка до Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Албанија и до сите Македонци каде и да се во светот. Во честитката се наведува дека празнувањето на успението на Богородица значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата. Ваше Блаженство, дозволете ни, Вам лично, на сите Македонци каде и да се во светот, на членовите на Светиот архијерејски синод, да Ви упатиме искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Празнувањето на успението на Мајката Божја значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата,-стои во честитката. На овој голем празник, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај и на огранокот, Или Халилај, со силата на светото име на мајката Божја во нашите молитви да се помолиме за здравје, љубов и благодет кои ќе донесат мир во нашите семејства и во целиот свет. Голем број македонски семејства низ Албанија Денот го одбележуваат како домашна слава.

 
Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од Владата на Албанија да форимира општина Голо Брдо и Гора PDF Печати Е-пошта
Сабота, 17 Август 2019 11:18

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо беа убедени дека терториална поделба во Албанија што се спроведе во 2014 година немаше да донесе просперитет за Голо Брдо и Гора се одбележуват пет години и регионите не е подобрено ништо дури е влошено ситуацијата. Македонското малцинство во областите Голо Брдо и Гора, спојувањето на општините го смета како чекор назад во почитувањето на малцинските права во областите Голо Брдо и Гора. Спојувањето на општините не ги подобри условите на Македонците во областите Голо Брдо и Гора, туку го отежна животот на жителите. Имено, за еден извод треба да се патуваат два часа, а да не говориме за други катадневни неоходности. Поради тоа, Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо бара од Владата на Република Албанија и Министерот за локална самоуправа да форимираат посебни две општини и тоа општина Голо Брдо и општина Гора. Впрочем, ваков беше и предлогот на македонското национално малциство во Република Албанија предложи пред да почне терторијална поделба.

 
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ве кани на годишната средба во село Ербеле PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 12 Август 2019 20:19

Почитувани Македонци и Македонки во Албанија, Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите добронамерници, сите Македонци од Албанија годишната средба во село Ербеле – Маќелара, Албанија кај црквата Св.Преображение која датира од 12 век ќе се одржи на 18-19.08.2019 година. Сите сте добредојдени.

 
Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана за Св.Климент Охридски PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 12 Август 2019 20:16

Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви го честитаме Св.Климент Охридски. Св.Климент Охридски се упокоил мирно во Охрид, на 8 август 916 година. Неговите мошти се чуваат во охридската црква Св. Климент во Охрид, Македонија.

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 4 од 87