Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

baner1

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
На црвквата Свето Преображение во село Ербеле, Маќелара Бигорски манастир и даруваше икони PDF Печати Е-пошта
Недела, 14 Октомври 2018 10:21

Познатото македонско древно светилиште, Св. Јован Крстител Бигорски манастир и подари икони на црквата „Свето Преображение“ во селото Ербеле, Маќелара област Поле или Долни Дебар, кое се наоѓа во близина на албанско-македонската граница кај Дебар. Иконите Бигорската обител ги даруваше по средбата што игуменот на манастирот, Архимандрит Партениј ја оствари со Никола Ѓурѓај претседател на Македонското друштво „Илинден“со седиште во Тирана.Огромна благодарност искажуваме за Архимандрит Партениј, кој позитивно одговори на нашето барање и со негов благослов денеска 12 икони ја разубавуваат една од најстарите и најзачајни цркви во овој дел на Албанија, каде што некогаш живееле голем број Македонци. Кога ке ги поставивме иконите, црквата ке светнае во полн сјај и ми се чини како сите ангели да слетаа, тука, на ова свето место, за да се радуваат на таа убавина,-изјави Ѓурѓај за Македонски весник “Илинден”. Во селото Ербеле, сега живеат само многу малку Македонци а за црквата „Свето Преображение“ сета грижа ја има превземено семејството на Андон Постоли. Патрон на црквата е Преображение Господово. Денот пред празникот и посебно на самиот празник, 19 август, вели Постоли, Македонците по потекло од ова село а кои денес живат во Тирана, Драч, Елбасан, Маќелара, Горно Крчиште, како и во Дебар и други градови во Македонија доаѓаат за го одбележат празникот.По традиција и верување,ноќта спроти празникот, во нашата црква доаѓаат не само православни туку и муслимани. Спијат во овој божји храм и се молат за излекување од разни болести, зашто црквата има исцелителна моќ. Многу луѓе тука го имаат најдено лекот за својата болест,вели Постоли. Додека сум жив,додава ќе се грижам за црквата,ќе палам кандило спроти петок,спроти недела,празник да не остане во мрак. Црквата „Свето Преображение“ датира од 12 век а во мај 1970 година министерството а култура на Албанија ја прогласи за споменик на културата.

www.ilinden-tirana.com

 
Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана за 11-ти октомври денот на востанието на Македонија PDF Печати Е-пошта
Четврток, 11 Октомври 2018 12:53

 

 

Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви го честитаме 11-ти октомври денот на востанието на Република Македонија, да го почитуваме и славиме овој голем ден.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател г- дин Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо 
Претседател г- дин Ули Халилај

 


www.ilinden-tirana.com

 
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува Македонци да го бојкотираат референдумот PDF Печати Е-пошта
Четврток, 27 Септември 2018 12:49

 

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо изразува загриженост од престојниот референдум во татковината Република Македонија за промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Македонците во Република Албанија отфрлаат промена на името на државата Македонија и името на Македонскиот народ и тоа го сметаат за геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото.Македонците во Република Албанија и натаму ќе се борат за своите човекови права и слободи пред домашните власти и меѓународните организации, како неотуѓиво и неприкосновено право на самоопределување и самоидентификација.Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо укажува дека промената на името на државата ќе влијае врз идентитетот на Македонците во соседните држави на Република Македонија и целиот свет и поради тоа ги повикува Македонци во Република Албанија и во светот со македонско државјанство да го бојкотираат престојниот референдум распишан на 30 септември 2018 година!

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо

 

www.ilinden-tirana.com

 
Честит празник 8-ми септември денот на независноста на Република Македонија PDF Печати Е-пошта
Петок, 07 Септември 2018 22:38

 

 

Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Oгранок Голо Брдо ви го честитаме 8-ми септември денот на независноста на Република Македонија. Да е вечен да го почитуваме и славиме овој голем ден.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател г-дин Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”- Oгранок Голо Брдо 
Претседател г-дин Или Халилај


www.ilinden-tirana.com

 
Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана по повод Успение на Пресвета Богородица PDF Печати Е-пошта
Недела, 02 Септември 2018 08:49

По повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, македонското друштво „Илинден“ и огранокот за Голо Брдо, упатија честитка до Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Албанија во Македонија и насекаде во светот. Во честитката се наведува дека празнувањето на успението на Богородица значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата. Ваше Блаженство, дозволете ни, Вам лично, на сите Македонци каде и да се во светот на членовите на Светиот архијерејски синод, да Ви упатиме искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Празнувањето на успението на Мајката Божја значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата, со силата на свето име на мајката Божја во нашите молитви да се помолиме за здравје, љубов и благодет кои ќе донесат мир во нашите семејства и во целиот свет.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо
Претседател Или Халилај



www.ilinden-tirana.com

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 1 од 75